Погледнете ја и агрегираната пазарна слика за Скопје Центар / Скопје за просечна цена по квадрат и споредба со останатите населби во Скопје.
Скопје Центар / Скопје

128 м²
5
5
Струја
1
2020
Стан на Салвадор Аљенде Водно Белата зграда пред Панорама. Зградата беше со 24/7 физичко обезбедување, сега е обезбедена со видео надзор. Во зградата се влегува само со чип кој го имаат сите станари. Станот е комплетно реновиран. Има 128м2 Три спални Главната спална има сопствено купатило, другите 2 спални имаат заедничко и плус гостинско вц комплетно реновирани. Станот има сопствено греење на струја и функционален камин (доколку се користи, дрвата и неговото чистење се обврска на закупецот) Со станот оди една гаража. Во станот се оставени уметнички слики на наши реномирани академски уметници и издавањето би одело со рефернтна листа што се се остава во него Киријата е 1500€ плус режиските трошоци (сметки има само за струја, телеком и за вода) Месечно одржување на зградата е 2600 денари (обврска на закупецот) Зградата има сопствен базен и право на користење имаат 8 од 24 стана. Доколку сакаат да го користат, надоместот е 300€ за сезона (мај-септември), но доколку не го користат, обврска за плаќање немаат. Се добива посебна чипирана картичка за влез кај делот со базенот. Минимален период на издавање е 12 месеци, доколку се издаде на повеќе, киријата може да ја намалам. Депозит во висина од мин.2 кирии. Во станот (кој е комплетно реновиран) ставена е санитарија и галантерија на Grohe, доказ (фактури од се што е ставено) Претапацирана гарнитура од Натуци, трепезариска маса Калигарис и Берлони кујна.
Локацијата има видливи компромиси. Најсилен е сегментот оддалеченост од центар, а најмногу заостанува загадување.
Прикажани се последно зачуваните податоци затоа што освежувањето не успеа.
Освежено 28 апр., во 09:18
Прикажи или скриј слоеви директно на картата.
€1.500
€12 / м²