Тафталиџе (Taftalidze) ОД ИНВЕСТИТОР последни 2 стана
Карпош / Скопје

Клучни карактеристики
74 м²
3
3
Друго
1
2026
Опис на оглас
НОВИ СТАНОВИ ВО ИНТИМНА БУТИК ЗГРАДА – САМО 6 СТАНОВИ Во продажба се два стана во нова, современо проектирана бутик станбена зграда со само 6 станбени единици, создадена за оние кои бараат приватност, мир, комфор и квалитет на живеење што се препознава во секој детал. Достапни станови: 133 m² | 1 кат - 3 спални, 2 купатила + WC Простран семеен стан со исклучителен комфор и функционалност. 74 m² | 3 кат - 1 купатило Одлично организиран стан со простран поглед и оптимален баланс помеѓу простор, функционалност и комфор. КВАЛИТЕТ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ И ПРОВЕРИ При проектирањето и изградбата не се правени компромиси во изборот на системите и материјалите. Посебно внимание е посветено на работите кои не се само визуелни, туку директно влијаат врз квалитетот на живеењето: • Систем за греење и ладење со SAMSUNG топлотна пумпа – подно греење + фан-којлери (ладење/греење), централна (станска) санитарна топла вода • Алуминиумска надворешна столарија, избрана за долготрајност, стабилност и високи термички и звучни перформанси. • Исклучително високо ниво на звучна изолација – еден од клучните приоритети уште при проектирањето и изведбата на објектот. Особено внимание е посветено на акустичната изолација меѓу становите и од заедничките простории. • Современа timeless фасада – архитектура и материјали избрани со цел објектот да изгледа современо и по многу години, без следење на краткотрајни трендови. • Висококвалитетни материјали од реномирани производители – она што е наведено во спецификацијата е она што се вградува. Квалитетот не мора да го прифатите на збор – проверете го сами на лице место. • Италијанска керамика и санитарии, внимателно избрани како дел од целокупниот концепт на ентериерот. • UNITAS / GROHE арматури и квалитетна санитарна опрема. • OTIS лифт – сигурно и проверено решение од водечкиот производител на лифтови. ГАРАЖА КОЈА НАВИСТИНА Е ПРОЕКТИРАНА ЗА АВТОМОБИЛИ Посебно внимание е посветено и на подземната гаража – нешто што често се занемарува кај новоградбите. Широк и едноставен пристап, комфорни маневарски површини и пространи паркинг места, проектирани за лесно секојдневно користење и за современи автомобили со поголеми димензии. Ова е интимна бутик зграда со само 6 станови, во која квалитетот е ставен пред квантитетот. Продажба директно од инвеститор, без агенциска провизија. 📍 Локација: Тафталиџе 2 - Бриселска 15 🏗 Завршување: јануари 2027 📞 Контакт: 070 503606
Дополнителни информации
Локацијата е над просек, но не е подеднакво силна во сите категории. Најсилен е сегментот училишта, а најмногу заостанува загадување.
Освежено 8 сеп., во 12:21
Локација на картата
Прикажи или скриј слоеви директно на картата.
€185.000
€2.500 / м²
Контакт
Кредитна пресметка за овој стан
Брза симулација на месечна рата според цената на огласот.
Калкулатор за Кредит
Ова е умерена каматна стапка.