НОВ СТАН ВО ПРОЛЕТ – 107 m² | ТЕРАСА 35 м2 И ПОДЗЕМНА ГАРАЖА
Скопје Центар / Скопје

Клучни карактеристики
107 м²
4
6
Друго
0
2022
Опис на оглас
🏙️ НОВ СТАН ВО ПРОЛЕТ – 107 m² | ТЕРАСА 35 м2 Нов, невселен стан на 6-ти кат, со 107 m² затворена површина, тераса од 35 m² . Можност за премиум изведба „клуч на рака“. На продажба е нов, невселен стан на шести кат во зграда изградена во 2022 година, во населба Пролет, ул. Страшо Пинџур бр.7 стан 31, во непосредна близина на Олимпискиот базен, Веро Џамбо, ОУ „11 Октомври“, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и Транспортниот центар. 📐 Површини: • 107 m² затворена станбена површина; • 35 m² пространа тераса; • вкупна фактичка површина: 142 m². Распоредот опфаќа голема дневна соба со кујна и трпезарија, спална соба со бања/тоалет, две детски соби, тоалет, помошна просторија-утилити, влезен хол и излези кон терасата од дневната и спалната зона. Купувачот може да избере една од двете опции: 🔑 ОПЦИЈА 1 – СЕГАШНА СОСТОЈБА Цена: 297.000 € Станот се продава во постојната завршна фаза, со можност купувачот самостојно да ги избере и изведе керамиката, санитарната опрема, кујната, осветлувањето и останатиот стандардан ентериер . ✨ ОПЦИЈА 2 – ПРЕМИУМ „КЛУЧ НА РАКА“ Цена: по постигнат договор Целосна висококвалитетна ентериерна изведба и опрема според проект изготвен од архитект и договор со купувачот: премиум керамика и санитарии, кујна и плакари по мерка, вградени апарати, осветлување, греење и ладење, уредување на терасата и финално предавање на станот подготвен за вселување. ✔ Нов и невселен стан 107 м2 ✔ Три спални соби, две бањи и утилити ✔ Пространа тераса од 35 м2 ✔ ✔ Одлична централна локација ✔ Избор на состојба и цена според желбите на купувачот 📩 За архитектонска основа, спецификација на изведбата и закажување разгледување – контакт во порака. Телефон 075/221253 Можен е разумен договор со сериозен купувач.
Дополнителни информации
Локацијата е над просек, но не е подеднакво силна во сите категории. Најсилен е сегментот училишта, а најмногу заостанува кафиња и ресторани.
Освежено 24 авг., во 01:16
Локација на картата
Прикажи или скриј слоеви директно на картата.
€297.000
€2.776 / м²
Контакт
Кредитна пресметка за овој стан
Брза симулација на месечна рата според цената на огласот.
Калкулатор за Кредит
Ова е умерена каматна стапка.