***Капитал***Двособен опремен стан на Партизанска Охрид 53 м
Охрид

Клучни карактеристики
53 м²
2
2
Струја
0
0
Опис на оглас
Шифра 10091 Двособен, веднаш вселив стан во одлична состојба во урбана заедница Центар, на улица „Партизанска“, во градската хотелско-туристичка зона, на 200 метри од Охридското Езеро. Вкупна површина на стан 53 мкв, 2 кат. Ориентација исток. Релативно нова зграда со разигран фасаден изглед, со сутерен, приземје, 2 ката и поткровје. Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија со излез на балкон, спална соба со излез на балкон, влезен ходник, бања и балкон. Карактеристики: добро сочувана станбена зграда, квалитетно изградена, релативно понова градба, без лифт. Станот е со сигурносна влезна врата, под од висококвалитетен паркет и плочки, пвц прозори со алуминиумски венецијанер ролетни. Станот, кој е веднаш вселив, се продава делумно опремен, со комплетна, нова, некористена кујна, со сите потребни елементи и апарати од бела техника во одлична состојба, трпезариска маса со столици, софа со пуштање, спална соба со голем кревет и 2 отворени гардеробери, масичка и столици на балконот. Станот и опремата се нови, претежно неупотребувани, со оглед дека тој е користен само за краткотраен туристички престој. Атрактивна локација: Централна, лесно достапна урбана зона на Охрид, на улица „Партизанска“, мирна околина за спокојно живеење, на 2 ред над езерото, 150 метри од крајезерското градско шеталиште-Кеј Македонија, 200 метри од прекрасното Охридско Езеро. Станот е во непосредна близина на градскиот парк, строгиот центар на Охрид и главниот плоштад Свети Климент Охридски, градското пристаниште, Охридската чаршија, Факултетот за туризам и угостителство, црквата Свети Никола, Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, до кои се оди пеш, во непосредната близина има маркети, ресторани, кафе барови, хотели, услужни дејности, банки и други институции за лесно секојдневно функционирање. Ретка прилика за избор на прекрасен, готов стан, за квалитетно и комфорно домување во една од најпосакуваните централни, урбани зони во Охрид, за постојано или времено живеење, туристички престој, за успешно туристичко работење, како и за пријатен одмор, релаксација и рекреација. Погледнeте ја нашата понуда на веб страната: www.kapitalohrid.mk Контакт е-маил: info@kapitalohrid.mk Контакт телефони: 078/232-047, 070/331-609
Дополнителни информации
Нема доволно податоци за да се пресмета локациски скор.
Локацискиот скор моментално е достапен само за огласи во Скопје.
Освежено 30 јул., во 18:08
Локација на картата
Прикажи или скриј слоеви директно на картата.
€120.000
€2.264 / м²
Контакт
Кредитна пресметка за овој стан
Брза симулација на месечна рата според цената на огласот.
Калкулатор за Кредит
Ова е умерена каматна стапка.