Погледнете ја и агрегираната пазарна слика за Карпош / Скопје за просечна цена по квадрат и споредба со останатите населби во Скопје.
Карпош / Скопје

82 м²
4
1
Струја
0
2011
Продавам четирисобен стан со површина 82м2 на почетокот во Козле, на тивка локација во делот којшто се наоѓа на потегот покрај Тафталиџе и Капиштец, на улицата Миле Поп Јорданов. Контакт телефон: 070272072 Станот се продава комплетно наместен со сите детали во него. Не постои опција за продажба на истиот како празен. Претставува одлична инвестиција бидејќи доаѓа со опција за повеќегодишен (4 години) договор за изнајмување за 500€ месечно. Вклучени се сите детали во станот, комплетното уредување, апаратите и мебелот. За вселување нема потреба од апсолутно никаква дополнителна инвестиција. Станот има одличен распоред кој се состои од дневна, кујна и гостинско ВЦ, издвоени со ходник од спалната, двете детски соби и купатилото. Има еден балкон (логија) од 4м2 на кој се излегува од дневната соба, спалната и од едната детска соба. Станот се наоѓа на први спрат во зграда со приземје, два спрата и поткровје. Ориентацијата на станот е кон исток и север. Контакт телефон: 070272072 Карши станот се наоѓа парк со зеленило и дрвја, широк простор и убав поглед, на доволно големо растојание до Хотел Гранит од другата страна на улицата… и е во пешачка зона до големиот парк во Козле, Веро 2 Тафталиџе, ТЦ Беверли Хилс, детска градинка, основни и средни училишта, факултети итн. Опремен е со висококвалитетен мебел (Natuzzi) и мебел од масивно дрво, квалитетни апарати за домаќинство (Gorenje Pinninfarina Brushed aluminum), ТВ и аудио (Sony), санитарија (Grohe и Roca), првокласен дабов паркет од хрватски храст (90смх10см), тематски квалитетни керамички плочки, тематски детски соби (Disney). Контакт телефон: 070272072
€207.000
€2.524 / м²
Брза симулација на месечна рата според цената на огласот.
Ова е умерена каматна стапка.