Погледнете ја и агрегираната пазарна слика за Карпош / Скопје за просечна цена по квадрат и споредба со останатите населби во Скопје.
Карпош / Скопје

70 м²
3
1
Струја
1
2017
Се продава релативно нов стан во зграда на ул. Мраморец во Влае - Карпош кај ОУ Димо Хаџи Димов во непосредна близина до парк Делфина и Порта Влае. Зградата е градба од 2017. Станот е многу светол и во мирна населба во близина на училиште и маркети, а гледа на исток со отворен поглед и кон Водно. Се наоѓа на 1-ви кат во зграда од 2 ката со вкупно 5 станови. Станот има 70 м2 вкупна површина, внатрешна површина е 65 м2 со: - голема дневна - отворена кујна со трпезарија - 2 спални соби - 1 купатило - 1 тераса од 5м2 Греењето е на сопствено парно, а има инсталирано и нов инвертер клима уред. Зградата е изградена со енергетски ефикасна фасада и има одлична топлотна изолација. Станот има чист имотен лист. Станот се продава полу-наместен (има опција и за целосно наместен) со 2 големи вградени плакари, 1 плакар во големата спална, кујна, инвертер клима, целосно опремено купатило и се што е вградено. Подот е висококвалитетен паркет. Се во станот е релативно ново и користен е активно помалку од 2 години. Во непосредна близина има градинка, основно училиште, поликлиниката Ѓорче Петров е на 500-ини метри како и маркети и неколку помали продавници. Цената на станот е 1550 евра за м2 без данок на промет, а со вклучено гаражно место од 13 м2 веднаш под зградата со врата на далечинско отварање. Вкупна цена: 108.500 EUR Постои простор за договор.
€108.500
€1.550 / м²
Поевтино од пазарен просек за 22.4%
Пазарен просек: €1.998 / м²
Споредено со 1584 слични огласи
Брза симулација на месечна рата според цената на огласот.
Ова е умерена каматна стапка.