Погледнете ја и агрегираната пазарна слика за Скопје Центар / Скопје за просечна цена по квадрат и споредба со останатите населби во Скопје.
Скопје Центар / Скопје

65 м²
3
3
Нема
1
0
Се продава стан во близина на Универзална сала Скопје, со заеднички простории/помошни простории во објект, земјиште под објект и дворно место, како и оградено паркинг место во рамки на земјиштето, и тоа: - стан на III кат со површина од 65 м2, со две тераси/балкони (околу 7 м2, кои излегуваат на исток/запад и не се запишани во имотниот лист), како и помошни простории од 9 м2 (ПО); -2/8 идеален дел (сосопственост) од помошна просторија (П) со површина од 67 м2; -2/8 идеален дел (сосопственост) од земјиште со вкупна површина од 298 м2. Се работи за стан во стар објект (со 4 стана) во непосредна близина на Универзална сала Скопје. Станот се наоѓа на III кат (последен кат), објектот нема лифт и не е приклучен на градско парно. Станот е во добра состојба, потребно е реновирање во некои делови. Има одлична локација (веднаш позади Универзална сала), има обезбедено оградено паркинг место (пред влезот на објектот), станот е со одличен распоред, има влезен ходник од кој се влегува во сите посебни простории (спална соба, дневна соба, остава, трпезарија која може да се користи за други намени, кујна, тоалет и тераси/балкони од двете страни) и има сосопственост на земјиштето. Во рамки на земјиштето има оградено паркинг место со директен излез на улица (ул.29-ти ноември) и обезбедено со подвижна ограда. Се продава празен, без мебел, опрема и ствари. Напомена: Во ДУП-от за конкретната локација/градежна парцела е предвиден објект со катност од П+5+Пк, со висина од 19.20 м и бруто развиена површина од 980 м2, а постоечката состојба е П+3 ката. Купопродажна цена е 105.000,00 ЕУР, нема провизија за агенција за недвижнини, трошоците за адвокат се на товар на продавачот, нотарските трошоци и данокот на промет се на товар на купувачот. Контакт: Владимир, тел. бр. 071514595
€105.000
€1.615 / м²
Поевтино од пазарен просек за 26.8%
Пазарен просек: €2.207 / м²
Споредено со 2120 слични огласи
Брза симулација на месечна рата според цената на огласот.
Ова е умерена каматна стапка.